Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

И тампоните имаат рок на траење

tamponi(2)

И тампоните не траат неограничено, туку рокот на траење во најголемиот број случаи им е пет години од датумот на производството. Тампоните се изработуваат од памук, кој е поволна почва за развој на бактерии и габички, особено ако се најде на мрачно и влажно место, како на пример, фиоката во орманот во бањата. Топлата пареа што останува по туширањето, создава идеални услови за развој на микроорганизмите, а повеќето жени тампоните ги држат токму во бањата.

Ако вашата бања често е полна со пареа, ако нема природна вентилација, би требало тампоните да ги преместите на темно и суво место, значи, надвор од бањата. Ако во вагината ставите тампон што е загаден со мувла, може да дојде до иритација, чешање и засилено лачење на секретот, бидејќи вагината се обидува да ја одржи пХ рамнотежата.

Ако почувствувате некои од наведените тегоби, задолжително јавете се кај гинеколог.

Гинеколозите предупредуваат на уште една ситница на која понекогаш не обрнуваме внимание. Доколку од тампоните, секогаш „за секој случај“, имате еден или два при рака, ги носите во чанта или несесер, пред да ги употребите, внимателно проверете дали заштитната фолија е неоштетена. Доколку е оштетена, не го употребувајте тој тампон, бидејќи бил изложен на нечистотија која може да предизвика иритација, па и бактериска инфекција во некои случаи.