Број на текстови објавени денес: 72
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Интерпелација и за министерот Алаѓозовски

а(15)

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието поднесоа интерпелација за работата на министерот за култура Роберт Алаѓозовски.

Претничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека веднаш по назначувањето на Алаѓозовски на функцијата министер во земјава има тренд на уназадување на културата и културниот развој, преку, како што рече, преземање на голем број иницијативи во насока на партизација на културата, селекција и дискриминација на уметниците и културните дејци, не водење грижа за културното наследство, запирања на сите капитални инвестиции во културата.

– Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ сметаме дека со доаѓањето на Роберт Алаѓозовски на финкцијата Министер за култура, оваа област во Република Македонија за кратко време од седумдесетина дена го допре дното. Затоа сметаме дека треба што поскоро да си замине од позиција и на негово место да дојде искрена и чесна личност со изграден однос, кредибилитет и грижа кон културното и историското наследство, со почит кон сите уметници и културни работници. Личност која ќе се залага за подобар статус и подобри услови за уметниците, и ќе се грижи за промоција и презентација на културата и уметноста на нашата држава во домашни, меѓународни и светски рамки – рече Лашкоска.

Во изминатиот период, додаде, сведоци сме на незаконско разрешување на професионалци во институциите од областа на културата и вдомување на партиските послушници во Министерството за култура.

– Мораме да потенцираме дека ребалансот на Буџетот и кратењето на средствата во културата се најеклатантен пример за тоа колку Владата на СДСМ и министерот Алаѓозовски немаат никакво чувство на припадност, никакво чувство за култура и за културните и уметничките вредности, за нашето непроценливо културно наследство кое го поседуваме и кое е еден од главните атрибути за препознатливост на Република Македонија – посочи Лашкоска.

Министерот Роберт Алаѓозовски, потенцира, од самиот почеток на неговото работење во ресорот наместо да започне да работи во интерес на културата и културните работници, се фрли на политички пресметки и незаконски разрешувања на раководни лица во институциите од областа на културата, без да биде испочитувана законски пропишаната процедура.

– Една од првите одлуки како министер му беше да скрати 30 милиони денари и да запрат археолошките истражувања. Скратени се и 30 милиони денари за филмска дејност или дури половина од Буџетот предвиден за финансирање филмски проекти на конкурс за Агенцијата за филм. Дополнително, Алаѓозовски формира совети, работни групи и назначува советници без компетенции и со биографии кои се единствено богати со закани, омраза, бес, гнев и фрустрации кои ги артикулирале со бројните најави дека ќе ги рушат, минираат и уништат спомениците на културата само затоа што ги изградила владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ – порача Лашкоска.

Алаѓозовски, додаде, ги скрати средствата за реконструкција на новата Универзална сала во Скопје, за изградба на новиот објект на Охридскиот театар, за изградбата на Струмичкиот театар, а под знак прашалник е ставена и изградбата на новиот објект за Драмски театар во Скопје.