Број на текстови објавени денес: 45
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Иванов не ги прими патриотските здруженија, тие го прогласија за кукавица

patriotski-701x526

Здружението на граѓани „Преродба“, Семакедонскиот национален совет „Македониум“, МПЗ „Тврдокорни“, Движењето за цивилизациски вредности, „Единствениот пат“ – движење на македонските носители и бранители на државниот суверенитет денеска сакаа да му остават писмено барање на претседателот Ѓорге Иванов за одземање на мандатот на премиерот Зоран Заев.

Дваесетина членови на здруженијата пристигнаа попладнево пред вилата на Иванов на Водно, но добија известување од обезбедувањето дека тој си заминал. Присутните, поради ваквиот чин, го прогласија Иванов за кукавица, објави Макфакс.

 

Здруженијата бараат да му се одземе мандатот на Заев затоа што, како што велат, премиерот работи против македонските национални и државни интереси, а за туѓи интереси и рушење на државата.