Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Зоки ,оној што еднаш те предал и спакувал , не очекувај дека сега ќе ти биде верен.

???

Можеби еден од стековите на нелегално прислушуваните материјали не заврши во рацете на Зоран Заев како лидер на опозицијата ?,дали го има , или некој умешно го сокрил ,не знам , но многу детали ми се познати , за што некој ,некаде поседува и уредна документација.

Неспорен е фактот на големата улога на Заев за зачувување на партијата уште во времето кога претседател на СДСМ беше Бранко Црвенковски,па потоа се менуваа Шеќеринска, Бучко итн.Заеви беа финасискиот мотор на партијата , имаа идеолошка цел , и тука не може никој да замери.

Груевски и Мијалков знаејќи ја моќта на Зоран Заев и неговата фамилија , коваат сценарио како Заеви да ги оддалечат од СДСМ , поточно да ги дисциплинираат.За таа цел планот го разработува тогашниот министер за правда Михајло Маневски, и неговиот помошник Сашо Василевски, додека од страна на МВР кативно учество имаат Љупчо Тодоровски Радник тогаш директор на БЈБ , началникот на ЦПС на МВР Размоски и началникот на организиран криминал Митко Чавков.

По наредна на Радник целата фамилија на Заев се става на машина за прислушување со усна наредба , додека покасно по налог на Михалјо Маневски, Сашо Василевски успева да издејствува од Основниот Суд Скопје 1, налог за следење на комуникации, како и налог за лично следење на сите членови на фамилијата Заеви,каде како главна помош за притисок врз судиите се јавува и Филимена Маневска. Следуваше спектакуларно парадно лишување од слобода на Зоран Заев и неколку негови соработници на средината на Јули месец 2008 година.Потоа се е познато,како што е позната и вртоглавата кариера на актерите нарачатели на аферата Глобал.

Од сите тие квази високи политики ,неразбирливо е да сега од позиција на Премиер Заев на своите ЏЕЛАТИ им дели директорски позиции. Зоки оној што еднаш те предал и спакувал , не очекувај дека сега ќе ти биде верен.

П.С.Зоки ова е само една ронка од она што го знам јас , а што го знаат и многу други.каменот од блиску пајѓа.

Сашо Денеосвски