Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Засега 11 полицајци добија откази за „крвавиот четврток“

180254

Најмалку 11 полицајци добија откази, откако е докажано дека не постапиле според законите и правилата на МВР, а биле на работна задача кога во македонското собрание се случи „крвавиот четврток“, односно трагичниот 27 април. Избрканите од МВР биле само „публика“ додека насилниците беснееле пред нивни очи. Оваа бројка не е конечна, а според забрзаниот тек на истрагата откази ќе има и за нивни колеги и претпоставени, дознава Плусинфо.

Истрагата за крвавиот поход на насилниците во собраниските ходници и сали ја води Јавното обвинителтсво. Засега најмалку 10 лица се обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села, а на четири години затвор веќе е осуден напаѓачот на пратеничката Радмила Шеќеринска.