Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Заев ја почна посетата во Словенија со средба со Церар ВИДЕО

зз(30)

Со церемонија со највисоки почести, денеска отпочна официјалната посета на Република Словенија на делегацијата на Владата на Република Македонија предводена од премиерот Зоран Заев, во придружба на вцепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми и државниот секретар во МНР, Виктор Димовски.

Во оваа официјална посета на Република Словенија, премиерот Заев го придружува и неговата сопруга Зорица Заева.

По интонирањето на државните химни и смотрата на почесната гарда, премиерот на Република Словенија Миро Церар и премиерот Заев се повлекоа на тет-а-тет средба. Во соопштението од владината прес-служба не се соопштени детали за разговорот меѓу двајцата премиери.

Министрите во Владата на Република Македонија и министрите домаќини во словенечката влада одржаа билатерални средби, по што следуваше и пленарна средба меѓу членовите на македонската делегација и министрите домаќини во Владата на Република Словенија, за што јавноста ќе биде навремено информирана.

Во текот на денешниот ден Заев и членовите на македонската владина делегација, ќе се сретнат со претставници на полициските структури на Министерството за внатрешни работи на Словенија кои учествуваа во мисијата за поддршка на Република Македонија во обезбедување на јужната граница за време на мигрантска криза.

Официјалната посета на Република Словенија денеска и утре е исполнета и со други активности, како што се средбите со Ппетседателот на Државниот збор на Република Словенија д-р Милан Брглез, со претседателот на Словенија Борут Пахор, како и со словенечки бизнисмени.