Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Заев прими делегација на Џенерал Електрикс: Подобрена е бизнис климата за соработка

з-м

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев денеска остварија средба со генералниот директор на Џенерал Електрикс за Југоисточна Европа, Гаетано Масара.

Генералниот директор Масара му честита на премиерот Заев за неговиот избор и ги изрази очекувањата за зголемена идна соработка со Владата на Република Македонија.

„Претставниците на Џенерал Електрикс посочија дека постои голем интерес за инвестиции во енергетиката во Република Македонија и беа изразени позитивни очекувања во однос на иницијативата за нов Закон за енергетика. Премиерот Заев соопшти дека Владата на Република Македонија интензивно работи на воспоставување на стабилна бизнис инвестициска клима којашто ќе ја гарантира сигурноста и стабилноста на странските инвестиции и меѓудругото ги истакна како многу важни капиталнте инвестиции што државата планира да ги спроведе во енергетскиот сектор со цел да ја намали енергетската зависност на државата преку зголемено домашно производство на електрична енергија за што ќе се искористат сите природни потенцијали и ресурси што ги поседува земјата но ќе бидат ставени во целосна функција и сите домашни производствени енергетски капацитети“, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

На средбата било посочено дека соработката во иднина ќе се интензивира и дека во земјата се чувствуваат услови и подобрена бизнис клима како важен предуслов за ваков тип на соработка.