Број на текстови објавени денес: 0
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Заев и Ахмети разговарале за идната реформска Влада

images(872)

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, известија од партијата на Заев разговарале за идните принципи на соработка, за реформската Влада, ЕУ и НАТО интеграциите.

„Во наредниот период ќе се интензивираат динамиката и разговорите помеѓу двете партии, вклучително и со партиите што дадоа поддршка за состав на новата Влада на Република Македонија, по што ќе се премине на конкретните решенија за ресорните министерства“, известија од СДСМ.