Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Жан Патрик-Конрад е добитник на „ Наградата за хуманизам за 2018 година“

слика(4)(1)

Светската награда за хуманизам за 2018 година, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Св. Климент на сите светски меридијани, е доделена на Жан-Патрик Конрад, професор на Империал колеџ од Лондон и претседател на Европската академија на науките, уметностите и книжевностите.

Конрад е дванаесетти добитник по ред на ова исклучително признание со кое што Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда, Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, будејќи ги изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа.

Во писмото до претседателот на интернационалното жири, амбасадорот Јордан Плевнеш, професорот Жан-Патрик Конрад истакна дека „Човештвото отсекогаш се стремело кон етичките и филозофските вредности што ги носат досегашните добитници на наградата и духот на учењето на Св. Климент Охридски потсетува дека хуманизмот ќе ги победи глобалните закани за уривање на човечката надеж.“

Свечената церемонија на доделувањето на наградата ќе одржи на 18 јануари, наспроти големиот празник Богојавление, во куќата на Уранија на МАНУ.