Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Емине: Првата дама на Турција

download (1)(1184)

Емине Ердоган (62), првата дама на Турција, важи за жена од стил и скандали, контроверзни изјави, лесна рака кога трошењето пари е во прашање, а не ја заобиколуваат ниту критиките, бидејќи секогаш носи хиџаб.

Таа за себе, пак, вели дека е скромна и штедлива жена, која живее како секоја традиционална муслиманка.

37.000 фунти за едно попладне

Сепак, многу извештаи и фотографии од сите меридијани за Емине зборуваат нешто поинаку. Таа сака да купува скапа дизајнерска облека, антиквитети, чевли. Има обичај да побара, додека нејзиниот сопруг води разговори, поради неа да се затвораат трговски центри. Тоа го направила во Брисел. Купувала пет часа, а дури еден час го стопирала и сообраќајот во градот.

Во Варшава на саемот за антиквитети за едно попладне потрошила 37.000 фунти. Во Грција била поскромна. Купила седум чифта чевли и ги платила 850 евра, со 15 отсто попуст.

Иако се фали, од друга страна, дека сама суши овошје, не е тајна дека Емине и нејзиниот сопруг живеат во палата од 600 милиони евра и 1.000 соби. Исто така, светските медиуми открија дека таа најмногу сака да пие посебен бел чај од 1.800 евра по килограм. Дознале и дека ѕидовите на палатата ги красат свилени тапети, кои чинат околу 2.800 евра по ролна, а околу 400 соби имаат двојни врати што чинеле по 42.000 евра, а годишно за струја претседателската брачна двојка Ердоган троши пет милиони евра.

Локален скандал

Жената што со Ердоган веќе 40 години дели добро и зло, на почетокот нe учествувала во политичката кариера на својот сопруг, а потоа се нашла во центарот на локален скандал. Тоа било во шестата година од владетелството на турскиот претседател. Турција, која тогаш и понатаму била дел од недопреното наследство на Ататурк, не го поднела добро стајлингот на Емине Ердоган. Поточно, станува збор за претставниците на организацијата „Жените на европската Република Турција“, кои ја обвиниле Емине дека носела хиџаб во текот на патувањата во странство и така на „неточен и неправилен начин го претставила лицето на современата турска жена во меѓународната јавност“.

Меѓутоа, сè останало на обвинението, а по иницијалната вест за овој случај, повеќе ништо не се знаело. Инаку, нејзиниот став кога е во прашање покривањето, бил спорен и кога се мажела. Мајката на Ердоган не го одобрувала бракот, бидејќи таа не е сосема покриена, но тоа бил првиот камен за сопнување на младата двојка.

И повторно контроверзната Емине отпосле изјавила:

„Сметам дека сите жени на светот ги заслужуваат сите социјални и политички права. Правата на жените не треба да се принесуваат на жртвата на балансот на силите и безбедноста на некои режими. Затоа, сметам дека нашата борба за мир, демократија и слобода треба да продолжи со голема одлучност. Сакам уште еднаш да повторам дека ние ги отфрлуваме двојните стандарди и дискриминацијата.“

Шокира со изјавите

Емине предизвикува внимание и со своите изјави.

„Харемот е прекрасно училиште. Кога гледаме уметнички дела, во најголем број случаи ги среќаваме жените опседнати со желбата за власт и задоволствата. Истовремено, харемите биле училишта за жените, дом во кој тие се подготвувале за живот, добивале образование и се занимавале со добротворна работа. Со сето тоа управувале мајките на султаните“, изјавила првата дама на Турција.