Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

(ГАЛЕРИЈА) ЕЛИТНИОТ ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКС„ЛАКИ ХТЕЛ&СПА“ОД ОХРИД ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „27.09. СВЕТСКИ ДЕН НА ТУРИЗМОТ’

лаки4 (1)
Денес во „Клубот на Пратеници“ во Скопје  се одбележа 27 – ми Септември, Светски ден на туризмот . Во оваа прилика на свечен начин  беа доделени признанија за најуспешните туристички агенции, хотелиери, туристички манифестации и најдобри ресторани коишто ја одблежаа 2017 година.
Со престижната награда  27 – ми Септември, Светски ден на туризмот оваа година беше одликуван и најелитниот хотелски комплекс изграден во Охрид „Лаки Хотел & Спа“ кој е лоциран во месноста Свети Стефан во Охрид .
Хотелскиот комплекс  „Лаки Хотел & Спа“ е сосптвеност на познатиот и наделку признат хотелски менаџер Лазе Танески од Охрид.Хотелскиот комплекс  „Лаки Хотел & Спа“ започна со работа во мај 2017 година и преставува најголема приватна домашна инвестиција во областа на туризмот во Охрид во последните 30 години.Хотелскиот комплекс  „Лаки Хотел & Спа“ блеска со својата совршеност во сите сегменти.Танески и неговата фамилија буквално мислеле на секој детал да биде доведен во совршенство , за што говорат сите оценки на Букинг од странски туристи ,но и домашните туристи.Инвестицијата на фамилијата Танески во овој ексклузивен хотелски комплекс од некаде 4.000.000 евра ,и дополнувањето на содржините во комплексот , јасно говори како треба да се сака туризмот и понудата која треба да му биде пружена на секој гостин.
Престижната награда 27 – ми Септември, Светски ден на туризмот   која ја доби хотелскиот комплекс  „Лаки Хотел & Спа“,оди во прави раце.

Хотел, ресторани, туристички агенции и туристички настани денеска добија признанија за едногодишните постигнати резултати во развојот на туризмот по повод Светскиот ден на туризмот.

Признанијата беа доделени во неколку категории: најдобри хотели, најдобри туристички агенции, најуспешни манифестации, потоа институции кои придонеле за туризмот, како и институции кои соработувале со туристичките фирми.

Манифестацијата ја организираше Министерството за економија кое, како што рече заменик-министерот за економија Кире Наумов, е отворено за сите предлози на туристичките работници во врска со подобрувањето на состојбите во туристичкиот сектор.

– Очекуваме од вас општоприфатливи предлози кои ќе бидат во функција на развојот на секторот и ќе бидат изградени како добри решенија кои потоа ќе бидат дел од акционата стратегија на земјата – рече Наумов.

Тој рече дека би бил задоволен она што статистички е прикажано за секторот, раст на бројот на туристи за 18,3 отсто и раст на ноќевања за 10,9 отсто да биде пресликано кај фирмите кои се занимаваат со туризам.

Токму овие резултати, како што рече Наумов, треба да се искористат во иднина бидејќи светскиот тренд е дека туризмот е трета најголема извозна гранка.

– Македонија треба да го искористи овој тренд и да изнајде начини за привлекување што поголем број туристи – додаде Наумов.

За директорот на Агенцијата за промоција на туризмот, Александар Донев, иднината на туризмот е во развојот на одржив туризам што би значело потенцијалите целосно да се искористат.

– Ние веќе почнавме со еднодневна авантура на Галичник. Туристите се ангажираат за чистење на селото, готвење, ќе јаваат на коњи, со еден збор ќе го почувствуваат амбиентот. Во план ни се и голем број други проекти кои ќе го развијат авантуристичкиот туризам – рече Донев.

Но покрај понудата за развојот на туризмот важно е и како туристите ја доживуваат Македонија.

Странските туристи, според податоците на Државниот завод за статистика, лани ги оцениле со 4,05. Највисока оценка (5) добија објектите на плажа на бањските лекувалишта и сместување во мотелите.

Од друга страна, најниска оценка (2,56) доби забавата и ноќниот живот и патната мрежа (2,8) во бањските лекувалишта.

Статистиката покажува дека во периодот јуни – септември 2016 година, најголем дел од патниците во возила со странска регистрација (48 отсто) транзитирале низ Македонија.

Просечно, странските туристи во текот на минатата година за ноќевање потрошиле 9.040 денари.

Минатата година, најбројни од странските туристи се гостите од Турција – 105.738 или 21 отсто.

Странските туристи кои престојувале во Македонија во 2016 година, најголем број ноќевања (42 отсто) оствариле во хотели со четири ѕвезди.

Според видот на туристички места, најмногу туристи се забележани во езерските туристички места (382.938), а потоа следи главниот град каде што престојувале 228.602 туристи.

Туризмот и угостителството учествуваат со 1,2 отсто во вкупниот бруто домашен производ на земјата.

Охридскај
Посетете го елитниот хотелски коплекс „Лаки Хотел & Спа“,на следниот линк: http://lakihotelspa.com/
Фотографија на Sasho Denesovski.Фотографија на Sasho Denesovski.
 Фотографија на Sasho Denesovski.Фотографија на Sasho Denesovski.Фотографија на Sasho Denesovski.Фотографија на Sasho Denesovski.