Број на текстови објавени денес: 39

ЕЛЕМ: Грција го исклучи далноводот кон Македонија, но струја ќе има

%d0%b4%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%ba%d1%83%d0%b2%d0%be%d0%b42

Електрани на Македонија денеска информира дека од  вчера Грција воведе забрана за физички трансакции и го исклучи далноводот кон Македонија, односно не дозволи транзит на енергија. Истовремено, и соседна Бугарија ги разгледувала опциите за затворање на сопствената интерконекција кон соседните земји.

Од комапнијата додаваат дека ваквото однесување на соседите е како резултат на временските услови од кои се погодени земјите од Југоисточна и Централна Европа, зголемената побарувачка и потрошувачка, како и застојот на повеќе термоенергетски и нуклеарни капацитети во регионот и во земјите од Централна Европа.Тоа  директно влијае и на цените на електричната енергија.

Сепак од ЕЛЕМ убедуваат дека снабдувањето со електрична енергија за тарифните потрошувачи – домаќинствата и помалите компании на регулираниот пазар за електрична енергија се одвива редовно и во согласност со потребите.

„ Во изминатите 24 часа целосно е одговорено на потребите на конзумот со оптимизација на домашните производни капацитети, и преку набавка на електрична