Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Експерти за туризам ја избраа најдобрата плажа во светот

Najubava-plaza

Сокриена на Карибите, на островите Туркс и Кајкос, со најчиста вода и најмек ситен песок, се наоѓа плажата Грејс Беј, која според мислењето на експертите од областа на туризмот е прогласена за најдобра плажа во свет.

Плажите се оценувани според нивната убавина, оддалеченост, квалитет на песок и квалитет на вода, со оцени од еден до десет. Грејс Беј во три категории е оценета со десетка, додека за оддалеченост има осмица.

– Туркс и Кајкос е сон на секој вљубеник во плажи – изјавил експертот за патувања, Фред Мавер.
Второ место е Вајтенхеван (Австралија), а трето место Ансе Лацио (Сејшели).