Број на текстови објавени денес: 81
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Еве колку должат МРТ, Алфа и ТВ НОВА на УЈП

ujp-objavi-nova-lista-na-dolzhnici-216488

Неколку телевизи се најдоа на црната листа на срамот на Управата за јавни приходи за неплатени даноци. Меѓу нив најмногу должи Македонската радио телевизија која има неплатени обврски од 1,7 милиони евра.

Алфа ТВ, пак должи 98.000 евра за ДДВ. Телевизија Нова, во сопственост на бизнисменот Сеад Кочан, осомничен од СЈО, пак на државата и должи 19.000 евра за неплатен данок на додадена вредност и неплатен данок на добивка.

Втор најголем должник од вкупно 4.539 фирми и граѓани кои се најдоа на листата, е Јавното претпријатие за заштита и одржување на регионалните и магистралните патишта „Македонија пат“ кое има неплатени обврски од 7,4 милиони евра. Владата на претходната седница одлучи да одвои 2,4 милиони евра за даго помогне работењето на ова претпријатие.

Меѓу државните установи кои не ги подмириле обврските кон државата се и Македонската опреа и балет, со која до неодамна управуваше оперскиот пејач Игор Дурловски. МОБ има долг од 32.000 евра.

Од Општините најмногу должи Општина Карпош, или 144.000 евра. Градоначалникот, Стевче Јакимовски, најверојатно ќе побара уште еден мандат од граѓаните во оваа општина. Охрид на Никола Бакрачески должи 30.000 евра, а Општина Дојран 7.000 евра.

Меѓу должниците кон УЈП се и комуналното јавно претпријатие во Тетово, гостиварското јавно претпријатие Комуналец, како и Јавно претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во соопственост на Република Македонија.