Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

ДОНЕВ ,ПОДНЕСИ ОСТАВКА И ТЕРАЈ БИЗНИС СО ТРАЈКОВ,ДРУГО НИШТО НЕ ТЕ ПЕРЕ!

13592430_10157198630820201_6334563064265497840_n

Агенција за промоција и поддршка на туризмот располага со добар буџет, кој се собира од граѓаните на РМ.Скандал „Шарениот мајстор “ , попатно за жал директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот на РМ, се одважи ,во стилот демек ,ете зошто се кренало преголема врева во медиумскиот простор за фамозната карта , ќе ги врател 40,000,оо денари?!

Не, Донев, воопшто е небитно дали ти ќе ги вратиш според тебе некаква си разлика од 40.000,оо денари,зошто разликата е многу поголема од она што сакаш ти да вратиш,а со тоа да се испереш пред народот!

Напротив ,треба да ја вратиш целосната сума ,заедно со се’ дневниците кој си ги накалапи, и трошковите кој се на терет на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Но она што треба да го направиш како возрасн човек, секако доколку имаш барем грам чесност и морал,треба веднаш да си поднесеш неотповиклива оставка од директорското место во Агенција за промоција и поддршка на туризмот, и да си заминеш.

Нели ја обоивме цела Македонија ,за да ги избркаме оние ,кои се расфрлаа на терет на напатениот македонски народ?! Што се смена сега во твојта глва?Сакаш да постанеш нов пошарен Диме Спасов ?!

Се додека те бранат по социјалните мрежи ,твојот вработен Костадинов, најнеуспешниот директор во историјата на Агенција за промоција и поддршка на туризмот и сопственик на Попова Кула Јордан Трајков,тебе не ти е место во Агенција за промоција и поддршка на туризмот, отвориси фирма со Трајков и терај бизнис сам , не на терет на македонскиот народ.

Сашо Денесовски