Број на текстови објавени денес: 81
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Димовски: Статутарна е постапката за смена на Митревски

дим(2)

Преку соопштение на кое е потпишан како в.д претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Дарко Димовски оценува дека на 4. месецов Министерството за труд и социјална политика (МТСП) донело Решение со кое се огласува за ништовно незаконското Решение на министерот Ибраим Ибраими и со кое, како што потенцира, се стави крај на повеќегодишото уништување на ССМ и продавање на интересите на работниците.

– Донесеното Решение од МТСП, докажува дека постапката во која е сменет Живко Митревски е статутарна и законска и конечно и ние синдикатите коишто долго време го креваме гласот против кршењето на работничките права и злоупотребата на работниците почувствуваме дека правото и правдата се враќаат во Република Македонија, стои во соопштението од Димовски.

Меѓу останатото, Димовски додава, дека Митревски дошол на позицијата претседател на ССМ со заклучок, а не со решение, како и дека на Конгресот на кој тој постојано се повикувал бил избран без потребниот кворум за работа и со бојкот од повеќе синдикати.