Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Гугл најмува 10.000 луѓе да го „исчистат“ Јутјуб

Capture-5

Гугл ќе ангажира илјадници уредници да ја намалат количината на проблематични содржини на Јутјуб. Освен тоа, ќе постави построги правила околу рекламирање.

Планот на Гугл е следната година да имаат 10.000 луѓе кои ќе се занимаваат со содржини што ги кршат нивните политики. Не е објавено колку луѓе во моментов работат на тоа.

– Некои лоши актери ја злоупотребуваат нашата отвореност, за да манипулираат, напаствуваат, па дури и да наштетат – изјавила Сузан Војчицки, прв човек на гигантот Јутјуб, во контекст на ангажираноста да се намали злоупотребата на платформата.

Алгоритмите што ги воведе Јутјуб оваа година помогнале да се отстранат повеќе од 150.000 видео снимки со насилни екстремистички содржини.