Број на текстови објавени денес: 69
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Грција очекува кинески инвестиции во висина од 40 милијарди долари

Grcija Kina

Грција очекува новиот кинески проект, „Патот на свилата“, да ја зајакне нејзината позиција на економски план, да резултира со зголемување на трговската размена меѓу двете држави до три милијарди долари и во земјата да влезат инвестиции од Кина во висина од 40 милијарди долари.

– Грчкиот бизнис очекува дел од тие 40 милијарди долари, кои Кина ќе ги инвестира во следните три години, изјави на заменик-министерот за економија на Грција Стергиос Пициорлас, кометирајќи ја неодамнешната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас во Пекинг.

За време на посетата на Ципрас во Пекинг беа потпишани два договори за соработка, од кои едниот меѓу конзорциумот „Копелузос“ и „Шенхуа Груп“ во вредност од три милијарди евра во областа на еколошката енергија и меѓу „Фортнет“ и „ЗТЕ“ за изградба на мрежи од оптички калби во Грција во вредност од 500 милиони евра.

Енергетиката, бродоградбата, туризмот и недвижностите се основните сектори во кои Грција очекува кинески инвестиции.