Број на текстови објавени денес: 15
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Груевски на големи маки, само Ахмети не му е скаран

gruevski-ahmeti-4-520x3251

Рокот за формирање на влада почна да се ситни и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски со крајот на месецов треба да понуди пред Собранието нови министри, доколку успее да обезбеди поддршка од 61 пратеник. Помалите албански партии кои освоија мандати најавуваат дека коалиција со Груевски нема да прават, додека од ДУИ велат дека се уште ги анализираат опциите.

Мал маневарски простор му останува на мандатарот Никола Груевски за составување на нова влада. Единствените кои засега се изјаснија дека ќе влезат во комуникација со ВМРО-ДПМНЕ се ДУИ.

Портпаролот на партијата Бујар Османи вели дека се уште не почнале преговори, а на прашањето дали ќе ја прифатат поканата, одговара кратко – ќе разговараме. Двете други страни, потписници на платформата, Алијансата за Албанците и Беса веднаш се изјаснија дека нема да преговараат со Груевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска нема одговор на прашањето со кого преговараат за формирање на влада, дали само со ДУИ или и со другите партии и дали евентуално размислуваат да ги поканат во владата и СДСМ. Од оваа партија единствено денеска стаса информација дека ќе имаат средба со коалициските партнери.

Од коалицијата на СДСМ велат дека оваа опција е тешко возможна бидејќи има договор меѓу коалициските партнери да не се влегува во влада со Груевски.

– Што ќе прави таа влада, ќе овозможи ли да одговараат за стореното Груевски и тие околу него – истакнуваат извори од коалицијата.

Од вчера почна да тече 20 дневниот уставен рок до кој мандатарот треба на Собранието да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата. Ако во тој период Груевски не успее да формира мнозинство, дел уставни експерти посочуваат дека мандатот треба да му се даде на претседателот на СДСМ Зоран Заев, чија партија освои 49 пратеници. Во тој случај партиите на Албанците треба да седнат на разговори со опозицијата, која засега не се изјаснува за платформата со која излегоа ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците.

– Во сегашната поставеност на работите многу е поверојатно дека албанските партии ќе направат коалиција со СДСМ, отколку со ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ е најголема жртва на изборите, а најголем проблем за кризата беше ВМРО-ДПМНЕ. Дали ќе направат коалиција Ахмети и Груевски зависи од тоа што е Груевски спремен да прифати – вели Алберт Муслиу.

Албанските партии немаат образложение пред својот електорат, зошто да влезат во широка коалиција.

– Не може да се исклучи ниту коалиција ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но тоа може да отвори нови проблеми со албанските партии – вели Муслиу.