Број на текстови објавени денес: 57

В петок Мичуринска средба по 21 пат

%d0%bc%d1%812

Општина Аеродром и годинава ќе ја поддржи традиционалната Мичуринска средба, што ја организира Здружението на граѓани „Мичуринска средба“, а која годинава ќе се одржи по 21-ви пат.

Централната манифестација е закажана за петок, 13 јануари, во 19 часот, на платото во паркот во населбата Мичурин.

Во рамки на прославата на големиот православен празник „Свети Василиј“, меѓу народот познат како Стара нова година, ќе се одржи музичка програма и неизбежното кршење на традиционалната погача со златна паричка и избор на нов кум на средбата.

За цело време на манифестацијата ќе се послужува топол чај, сокови, греена ракија и сендвичи, а крајот ќе биде означен со голем огномет.

Во рамките на овогодишната Мичуринска средба е предвидена и детска програма, која ќе почне од 17 часот, додека во одбележувањето на празникот Василица ќе се придружи и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, како минатогодишен кум, кој треба да го предаде кумството.