Број на текстови објавени денес: 72
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Во невреме во Полска загинаа петмина, меѓу нив и две девојчиња

не(11)

Пет лица, вклучително и две деца, загинаа синоќа во бурата што ја погоди Полска, соопшти полската пожарникарска служба.

Две девојчиња, на возраст од 13 и 14 години, загинале кога стебло, што било турнато во невремето, паднало врз шаторот каде спиеле.

Повредени се 28 лица, од кои 20 деца, што се наоѓале во извиднички камп.

Останатите три лица, исто така загинале од пад на дрво.

Речиси половина милион домови и компании останале без електрична енергија.