Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Во Москва приведени 69 членови на меѓународна екстремистичка организација

download (1)(1265)

Припадници на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) во соработка со Министерството за внатрешни работи приведоа 69 припадници на меѓународната екстремистичка организација Таблиги џамаат, соопшти Центарот за односи со јавноста на ФСБ.

При операцијата, изведена во поширокиот регион на Москва, била „пресечна илегална активност на сложената структура на Таблиги џамаат“, се вели во соопштението.

При извршениот претрес се запленети средства за врска, екстремистичка литература, како и електронски записи со извештаи за активностите на екстремистичкото здружение.