Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Во Валандово утре ќе има протести за Казандол

ва(14)

Граѓанското здружение „Спас за Валандово“, утре ќе организира протестен марш за итно запирање на рудникот Казандол.

Учесниците на протестниот марш ќе се соберат точно на пладне пред автобуската станица во Валандово од каде што по обраќањата и изнесувањето на барањата за стопирање на рудниците на смртта, по булеварот „Првомајска“ ќе се упатат до раскрсницата Валандово-Пирава-Марвинци, потврди денеска Роберт Марков, активист на здружението „Спас за Валандово“.

Протестниот марш ќе заврши со блокада на ракрсницата, најави Марков појаснувајќи дека утре сообраќајот од оваа раскрница кон Гевгелија, Удово и Струмица ќе биде во прекин од 13 до 15 часот.