Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Внимание: Кои лекови на горештините го менуваат дејството?

lekovi-gorestini4-640x478

Многу лекови, како на пример оние за терапија на зголемени маснотии во крвта, хипертензија или болести на штитната жлезда, на горештините мора посебно да се чуваат, додека дополнително внимание би требало да се обрне на терапијата на оние медикаменти што се фотосензитивни, поточно кои доведуваат до промени на кожата ако е изложена на сонце.

Најризични група лекови

Во групата лекови што се најчувствителни во контакт со сонцето или со високата температура се вбројуваат сите витамински препарати, диуретикот фуросемид, антихистаминиците, кондомите, инсулинот, нитроглицеринот, антибиотиците, фибратите што се користат во лекувањето на зголемениот холестерол, левотироксинот што се користи во терапијата на штитната жлезда, инхалаторите за лекување на астмата, предупредуваат фармацевтите.

На горештините овие лекови лесно се инактивираат и се поништува нивното дејство. Кога таблетите ќе ја променат бојата, кога ќе станат кршливи на најмал допир, а во сирупот, инјекциите или гранулите се појават грутки или талог, тоа значи дека на лекот му истекол рокот на траење или неправилно е чуван. Во секој случај, тогаш повеќе не е за употреба.

Лековите би требало да ги чуваме во оригиналното пакување и никако да не ги оставаме во автомобилот или на друго место што е изложено на сонце.
Списокот на медикаменти, како што објаснуваат фармацевтите, кои не смеат да се земаат ако се престојува на сонце е долг. Тука спаѓаат повеќето антибиотици, лековите против воспаленија и болки, антихистаминиците, диуретиците, цитостатиците, лековите за намалување на нивоата на гликоза во крвта, антидепресивите, лековите за кардиоваскуларни болести како и сите хормонски препарати.

Освен промените на кожата фотосензитивните лекови може да предизвикаат и промена на расположението. Доколку дојде до тоа, неопходна е помош од лекар и избегнување директно изложување на сонце. Без разлика дали ги земате лековите повремено или секојдневно, летните горештини бараат посебна претпазливост кај дозирањето и чувањето! Чувајте ги на температура пониска од 25 Целзиусови степени, на темно и суво место, најдобро во фрижидер. Високите температури можат да ја намалат делотворноста на лекот, а тоа посебно е важно кај антибиотиците, инсулинот, аналгетиците и седативите. Пред земањето, задолжително прочитајте ги упатството, контраиндикациите, но и нивното влијание врз терморегулацијата и урамнотеженоста на течностите во организмот. Кај земањето на лековите при големи горештини, најчести нуспојави се пад на крвниот притисок, намалено или зголемено дејство на лекот, чувство на слабост и мачнини. При појава на несакани реакции, задолжително е разладување на телото со туширање со ладна вода, обвиткување во мокри крпи и земање доволни количества течности.

Важни правила:

– Хроничните болни што земаат лекови треба да го избегнуваат излегувањето од дома во периодот од 10 до 17 часот.
– Ако земате лекови, задолжително пијте поголеми количества вода и избегнувајте алкохол, како и пијалаци со многу кофеин или шеќер.
– Ако се појави вртоглавица, силно чувство на жед или силна главоболка по земањето на лекот, задолжително јавете се кај лекар.
– Многу лекови како нуспојава може да имаат пролив и повраќање, со што се зголемува ризикот од дехидратација.

Нуспојави од горештините на одредени групи лекови:
– Антипсихотици – може да го намалат систоличкиот (горниот) притисок и да го спречат потењето, да предизвикаат проширување на крвните садови, да ја оневозможат централната терморегулација, како и да ги намалат когнитивните способности.
– Антихистаминици – можат да го намалат систоличкиот крвен притисок и да го спречат потењето.
– Антидепресиви – можат да го спречат потењето и да ги намалат когнитивните способности.
– Анксилотици – можат да го спречат потењето, да го намалат пулсот и да ги влошат респираторните симптоми.
– Бетаблокатори – можат да го оневозможат ширењето на крвните садови, а со тоа и механизмот на ладење на организмот.
– Вазодилататори – можат значајно да го намалат крвниот притисок.
– Антихипертензиви и диуретици – можат да предизвикаат дехидратација и да го намалат крвниот притисок.
– Антиепилептици – можат да ги намалат когнитивните способности.

Не носете ги лековите во џебот. Имајќи предвид дека терапијата не може секогаш да се зема кога сте дома, лековите би требало да ги носите во чанта или во посебна мала кутија. Доколку ги носите во џебот, тие дополнително се загреваат во контакт со телото.