Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

ВМРО-ДПМНЕ побара од амбасадорите фер и демократски избори

diplomati1-701x450

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска оствари средба со амбасадорите на САД и на државите членки на Европската Унија и НАТО во Македонија. Тема на разговор беше изборната кампања и нејзиниот тек.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено дека во текот на кампањата се забележени низа прекршувања на изборниот процес, физички инциденти, демолирања на штабови, како и злоупотреба на државните ресурси во партиски цели.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ исто така беше истакната потребата од спроведување фер и демократски избори, за што е потребен зголемен ангажман на државните институции.

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане посветена во заложбата за спроведување фер и демократски избори и создавање демократски амбиент за сите учесници во изборниот процес.