Број на текстови објавени денес: 39

ВМРО ДПМНЕ ОХРИД ДЕНЕС ГИ НАЈАВИ ИЗГРАДБИТЕ НА ВЕТЕНИТЕ ПРОЕКТИ ЗА ОХРИД

ljuben-arnaudovvv
  • ВМРО ДПМНЕ е партија која на предвремените парламентарни избори ја доби
    довербата на граѓаните на Република Македонија па токму поради тоа би сакал денес
    да укажам на дел од ветувањата кои ги дадовме во изборната кампања и да
    потенцирам дека тоа се ветувања и проекти кои во целост произлегуваат од реалната
    потреба на граѓаните.
    Би сакал да потсетам на дел од главните проекти за градот Охрид, проекти кои се од
    витално значење и кои преставуваат визионерска идеја за развој на нашиот град Охрид.
    Проектирање и изградба на МАРИНА во Охрид е проект кој ќе се реализира од 2018-
    2020 година и ќе чини вкупно 2 милиони евра.
    Овој проект ќе се реализира за да се задоволат потребите за пловните објекти во
    Охридското Езеро. Изградбата на марината е на локацијата пред центарот за обука на
    вода на АРМ и езерската полиција. Ќе се гради со најсовремена инфраструктура која ќе
    овозможи сместување на минимум 300 помали пловни објекти 10 бродови и
    осовременување на пристапите за бродови и зголемување на просторот за
    маневрирање. Исто така марината ќе има и други содржини како ресторан, продавница
    за наутичка опрема, сервис за пловила, бензиска пумпа, паркиралиште за возила и
    приколки, административен дел и магацински простор.
    Граѓаните на Охрид но и сите посетители на нашиот град ја знаат потребата од изградба
    нов експресен пат Охрид-Пештани кој ќе се гради паралелно со стариот пат во должина
    од 14,5 км. Со изградбата на овој пат ќе се допринесе за развојот на туризмот во
    охридскиов регион но исто така овој експресен пат е неопходен бидејќи со неговата
    изградба ќе им се олесни движењето на граѓаните кои живеат во Галичкиот предел како
    во летниот така и во зимскиот период.
    Граѓаните знаат дека од една страна е ВМРО ДПМНЕ партија која секогаш се стреми кон
    реазлизација на ветените проекти но пред се партија која ги чува националните
    интереси додека од друга страна СДСМ и покрај сите паушални и лажни ветувања
  • изјави, наметнати политички кризи, по десетти пат и беше укажана волјата на народот
    која е претставена и се идентификува токму со ВМРО ДПМНЕ.
    ВМРО ДПМНЕ секогаш стои зад дадениот збор и даденото ветување а токму денешнава
    пресконференција е потврда и потсетување за дадените ветувања кои набрзо ќе се
    реализираат.