Број на текстови објавени денес: 94
image003
image003

Вардар со шест екипи на „Пиринскиот куп“

1 варде

Шест екипи од пионерско-младинската школа на Вардар ќе учествуваат на турнирот „Пиринскиот куп“ во Сандански, Бугарија.

Бобан Бабунски од вардаровата академија за бугарските медиуми го потврди учеството на турнирот во Сандански.

Покрај домашните екипи од Бугарија и Вардар, на турнирот ќе учествуваат и екипи од Романија, Грција, Србија, Хрватска и Словенија.

Ова ќе биде добра можност за силни меѓународни натпревари на подмладокот на македонскиот шампион.

„Пиринскиот куп“ започнува во Сандански на 7 февруари и ќе трае две недели.