Број на текстови објавени денес: 127
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Бугарија испраќа нова експедиција на Антарктикот

Првата група членови на 26-та бугарска Национална антарктичка експедиција утре заминуваат за островот Ливингстон, кој е дел од архипелагот Јужен Шетланд крај западниот брег на Антарктикот.

Како што соопшти денеска раководителот на експедицијата, директорот на Бугарскиот антарктички институт, Христо Пимпирев, деветмината членови на тимот би требало да пристигнат во бугарската антарктичка база „Св. Климент Охридски“ на островот Ливингстон пред крајот на годината.

– Учесниците на експедицијата ќе имаат тешка задача да ја одржуваат базата во услови на тешка поларна зима, правејќи ги потребните поправки и создавајќи услови за работа на следните групи научници, изјави Пимпирев.

Според него, паралелно со овие активност, тројца експерти од групата ќе започнат со истражувања од областа на геологијата, сеизмологијата и геодезијата.