Број на текстови објавени денес: 72
DVE-LIRI-Baner6-970x90

БРОРЦИТЕ ПРОТИВ РЕЖИМ ОСТАВЕНИ САМИ,Кежаровски замина во Германија

кеза

Новинарот Томислав Кежаровски кој една година беше во притвор, и преку чија состојба тогашната опозиција ја водеше битката со власта и пред меѓународна заедница, замина во Германија.

Како што дознава А1он, на Томислав Кежаровски никој не му понудил работа ниту по промената на власта. Никој ниту го контактирал ниту му понудил било каква работно место. Тој денеска замина за Германија, со едногодишна стипендија која му беше доделена од Германската амбасада во Скопје.

„Животот повторно не раздели. Но, овој пат за добро. Ќе се врати помудар, посилен…! Среќен пат најдраг наш“, напиша на Фејсбук неговата сопруга.