Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Британците нема да му го простат гафот на Хари

download(1777)

Принцот Хари сè до неодамна беше црна овца на кралското семејство. Дури и жолтиот печат престана да пишува за него. Изгледа дека Хари направил добра работа кога се смирил во врската со актерката Меган Маркл. И таман кога изгледало дека со своето однесување покажал дека се поправил, некои нема да му го простат гафот што сега го направил.

На Денот на примирјето Хари заедно со братот Вилијам им оддал почест на жртвите на Првата светска војна и дошол неизбричен.
Во тоа многумина прочитале непочитување кон оваа церемонија и важниот ден.

„Разочарани сме. На таков важен ден морал да се избричи. Тоа е правило што се почитува кога на себе имате воена униформа како што Хари сега ја имаше“, коментирале отпосле граѓаните, пренесува „Хафингтон пост“.

Во британската војска брадата е забранета, но од кралскиот двор порачуваат дека пред две години принцот Хари престанал да биде активен во војската. Затоа тие наведуваат дека не прекршил никакви правила.