Број на текстови објавени денес: 127
MAZDA-CX3-09.2018
MAZDA-CX3-09.2018-Mobile

Ахмети со британскиот амбасадор разговарале за евроатлантските интеграции

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денескаво седиштето на ДУИ во Тетово се сретна со британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет, а на средбата се разговарало околу политичката ситуација, систематските реформи и евроатлантските интеграции.

Ахмети ги повторил приоритетните определби на ДУИ во ова парламентарно мнозинство, каде спаѓаат системските реформи, особено владеењето на правото, добрососедство, интеграцијата во НАТО и отворање на разговорите за членство во Европската Унија, соопшти ДУИ.

„ДУИ особено е посветена за судските реформи и реформите на безбедносниот систем, со што се истакна дека по локалните избори, сите наши енергии ќе се фокусираат на исполнувањето на обврските пред нас..Ахмети и амбасадорот Гарет исто така, разговараа и за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ, додека Ахмети рече дека унапредувањето на дијалогот со Атина и Софија претставува поттик и предуслов за деблокирање на интегративниот процес на нашата земја.