Број на текстови објавени денес: 0
DVE-LIRI-Baner6-970x90

Ахмети на средба со дипломатите од амбасадите на САД и ЕУ

download (3)(485)

Денес во просториите на американската Aмбасада во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, оддржа заедничка работна средба со заменик-амбасадорот на САД во Скопје, Микаела Швајцер Блум и амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар.

„Ахмети со соговорниците разговарал за понатамошното развивање во однос на формирањето на новата реформска влада, со што, го повторил ставот дека ДУИ целосно е посветена во спроведувањето на бараните реформи од страна на меѓународната заедница, интеграцијата во НАТО и во Европската Унија, добрите меѓуетнички односи, но и економскиот развој и отварањето на нови работни места.

Првите чекори што ќе ги преземе новото парламентарно мнозинство се решавањето на застојот во локалната власт, како и укинувањето на екстерното тестирање како две непосредни прашања.

Ахмети истакнал дека 16 години од неговите активности во рамките на ДУИ, никогаш немало разочарување во пријателските и добронамерните ставови на меѓународната заедница, затоа и побарал помош од страна на САД и ЕУ за да ги надминеме предизвиците пред нас и да помогнат за побрзо интегрирање на Македонија во НАТО и Европската Унија“, се вели во партиското соопштение.