Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Албин Курти предлага референдум за обединување на Косово и Албанија

1 курти(1)

Поранешниот лидер и актуелен пратеник на косовското движење Самопределување Албин Курти, смета дека косовските граѓани треба на референдум да се изјаснат за обединување со Албанија, од која, според него, Косово било „одвоено на недемократски пат од страна на големите сили“.

– Сакаме да имаме право да се обединиме со Албанија на демократски и мирен начин, значи не би започнале балканска војна, нагласи Курти.

Коментарајќи ја идејата за поделба на Косово или за размена на територии со Србија – северниот дел на Косово за Прешевската Долина, Курти изјави дека тоа е желба на Белград.

– Јас се противам на откажување од северниот дел на Косово, меѓу останатото и поради Трепча, односно економскиот развој, чија суштина е ревитализација на Трепча, истакна Курти.

Тој повторно потенцираше дека се противи и на дијалогот меѓѕ Белград и Приштина во Брисел, бидејќи според него тој не се базира на принципи.

– Помирувањето е можно дури кога Србија ќе го признае Косово и ќе ги признае воените злосторства, наведе Курти.