Број на текстови објавени денес: 0
LAKI HOTEL
LAKI HOTEL

Алармантни податоци за деменцијата: Кои се најризични луѓе?

demencija-640x462

До 2050 година повеќе од 130 милиони луѓе во светот ќе живеат со деменција, а еден од секои три случаи би можел да биде спречен ако луѓето во поголема мерка би се грижеле за здравјето на мозокот, покажало истражувањето објавено во медицинскиот магазин „Лансет“.

Меѓу критични ризични фактори за настанува на деменцијата се недостатокот на образование, губитокот на слух, консумирањето на никотин и физичката неактивност, е наведено во статијата.

Се проценува дека 47 милиони луѓе во светот имаат деменција. Истражувањето е претставено на конференцијата на Меѓународното здружение „Алцхајмер“ во Лондон, пренесе Би-би-си.

Извештајот го направиле 24 светски стручњаци кои наведуваат дека начинот на живот на поединецот може да има голема улога во зголемувањето или намалувањето на ризикот за настанување на деменцијата.

– Иако деменцијата се дијагностицира подоцна во животот, промените главно почнуваат да се развиваат многу години пред тоа – рекол професорот на Лондонскиот универзитетски колеџ Гил Ливинстоун.

Истражувањето покажало дека лицата кои не се во можност да завршат средно училиште се во поголем ризик од деменција, а авторите на статијата советуваат продолжување на учењето во текот на целиот живот за да се зголемат когнитивните резерви.

Уште еден голем ризик е губитокот на слухот во средната доба, што може да доведе, како што наведуваат истражувачите, до социјална изолација и депресија, кои се меѓу можните фактори за ризик за деменција.

Стручњаците упатиле уште една клучна порака – она што е добро за срцето, добро е и за мозокот.

Животот без пушење, со физичката активност, одржувањето на здравата телесна тежина, лекувањето на високиот крвен притисок и дијабетесот можат да го намалат ризикот од деменција, како и од кардиоваскуларни болести и рак, пишува во извештајот.