Број на текстови објавени денес: 18

WikiHillary за претседател

usa-hilari-clinton-na-scena

Признавам, почнав да се прашувам за што вистинската Хилари Клинтон – таа што никогаш не можете да ја видите зад затворени врати – навистина се застапува. Но сега, кога благодарение на добив шанса внимателно да ги прегледам нејзините говори во Голдман Сакс и други банки, јас сум многу поубеден дека таа е претседателот каков што ѝ треба на Америка денес.

Сериозно, тие говори се одлични! Тие покажуваат некој со визија, прагматичен пристап за справување со работите и здрав инстинкт за балансирање на потребата за зајакнување на нашата мрежа на социјална грижа со ослободување на бизнис класата на Америка да создава раст потребен за одржување на социјалните програми, пишува Томас Л. Фридман во Њујорк Тајмс.

Затоа благодарам Владимир Путин, за откривањето како Хилари навистина мисли да владее. Јас само сакам тоа што Хилари го кажува во кампањата побрзо да се оствари и да го помине мандатот според она во што навистина верува.

WikiХилари? Јас сум за неа.

Зошто? Да почнеме со она што Викиликс вели дека таа го рекла на настанот во Banco Itau во Бразил во мај 2013: „Мислам дека ние треба да имаме заеднички план за зголемување на трговијата … и треба да се спротивставиме на протекционизмот, и на другите видови на препреки за пристап на пазарот и трговијата“.

Таа, исто така рекла: „Мојот сон е заеднички пазар за целата полутопка, со слободна трговија и отворени граници, и по извесно време во иднината со зелена и одржлива енергија, со моќен раст и можности за секој човек на хемисферата“.

Тоа е музика за моите уши. Полутопка каде што народите тргуваат едни со други, и каде што повеќето луѓе ќе можат да соработуваат и да комуницираат во работата, студирањето, туризнот и трговијата, тоа е регион кој веројатно ќе биде попросперитетен со помалку конфликти, посебно ако тој раст се заснова на чистата енергија.

Споредете ја нашата полутопка, Европската унија или азиските држави што трговуваат со, да речеме, Блискиот Исток – каде што протокот на трговијата, туризмот, знаењето и работната сила меѓу народите се одамна ограничени – и визијата на Хилари ќе ви стане очигледна.

Начинот на кој Берни Сандерс и Доналд Трамп ги направија трговијата и глобализацијата валкани зборови е смешно. Глобализацијата и трговијата помогнаа повеќе луѓе да се извлечат од сиромаштија во последните 50 години, отколку во било кое друго време во историјата.

Треба ли да се направи ускладување, па малцинското населението во САД, што е засегнато од послободната трговија и движењето на работна сила, да се компензира и подобро заштити? Секако. Тоа се вика решавање на проблемот – но не отфрлање на целиот систем што го знаеме во еден долг период и кој придонесува за состојбата на економскиот раст, конкурентноста и поотворените општества.

Во говорот пред банкарите на Морган Стенли на 18 април, 2013, WikiХилари го пофали планот за намалување на дефицитот на Симпсон-Боулс, во кој беше вклучено реформирањето на даночниот закон за зголемување на инвестициите и претприемништвото и подигање на некои даноци, а намалување на некои трошоци и права за да ги направи поодржливи.

Крајната форма на тој голем договор може да има разни форми, рекла таа, но Хилари истакнала зад затворени врати и дека: „Планот на Симпсон и Боулс … ја дава правата рамка. Имено, ние треба да ги ограничиме трошоците, ние треба да имаме соодветни приходи и ние треба да го стимулираме растот. Тоа е троделна формула“.

Таа е во право. Никогаш нема да излеземе од овој економски колосек и да ги заштитиме идните генерации, освен ако бизнис и социјалниот сектор, демократите и републиканците, сите, не дадат нешто и добијат нешто – и тоа е токму за што WikiХилари се залага.

Во својот говор за Голдман Сакс во октомври 2013, Клинтон се чини укажуваше на потребата повторно да се разгледаат прописите наметнати на банките со Законот Дод-Френк за реформа на Вол Стрит и заштита на потрошувачите од 2010, за да не се осакати тој што работи, а воедно да се придвижиме напред со помош на домашната интелигенција и финансиската моќ. Повторно, сосема е во право.

Во WikiХилари или кај нејзините помошници може да наидете на размислување за „данокот на јаглеродот“ и дали да се излезе јавно со тој предлог, како Сандерс. Таа избра да не го предложи тоа сега, веројатно за да не биде обвинета од републиканците дека бара ново оданочување во изборната кампања, но јас сум убеден дека таа ќе воведе данок на јаглерод во рамките на нејзината климатска политика.

Кога го прочитав WikiХилари, видов паметна, прагматична, централно-левичарска политика која ќе соработува и со бизнис заедницата и со републиканците за да се одржи експанзијата на трговијата на Америка, претприемништвото и глобалната интеграција, и зголемување на напорите да се ублажат последиците за работниците од овие политики.

Жалам што во иборната кампањата Хилари не може да се зборува како во WikiHillary за да се прикаже во право светло колку таа е соодветна за претседателскиот мандат. Хилари ќе се стекнеше со почит затоа што се осмели да ја зборува вистината во својата сопствена изборна единица – и покажувајќи лидерство – да не ги изгуби гласовите.

Сепак, благодарение на Викиликс, јас се убедив дека таа знае да ги балансира прашањата за кои што сме загрижени најмногу. Затоа, повторно, ти благодарам Путин, за откривањето на Хилари. Таа може да биде прилично добар претседател во овие времиња.