Број на текстови објавени денес: 0

Moto Z – најтенкиот премиум смартфон во светот веќе и во Македонија!

naslovna-119

Кратко по нивната официјална промоција во Америка, револуционерните смартфони Moto Z и Moto Z Play ќе бидат достапни и на македонскиот пазар од крајот на ноември 2016та. Дизајнирани од Motorola во Чикаго, фамилијата на Moto Z е тука со целосен сет од Moto Mods – додатоци со различни функции кои ја отвoраат новата ера на мобилната технологија.

Со нив сега ја имаш можноста да го трaнсформираш својот смартфон во точно тоа што ти треба. Проектирај го твоето омилено ТВ шоу било каде на огромен 70“ екран. Биди DJ на забавата со супер моќни JBL зучници. Сликај со Hasselblad камерата со х10 оптичко зумирање. Додади батерија со уште 22 часа живот за да уживаш во сите можности на смартфонот. Moto Mods го трансформираат твојот смартфон, за ти да трансформираш се што правиш.

Начинот на поврзување на Moto Mods со смартфоните Moto Z е неверојатно лесен и едноставен – само со еден допир благодарение на моќниот магнет може да го споиш секој Moto Mod со смартфонот Moto Z и тие ќе бидат една целина. А што е уште поубаво, овие Moto Mods ќе бидат компатибилни не само со Moto Z и Moto Z Play, туку и со идните генерации Moto Z смартфони.

Moto Z: Најтенкиот смартфон во светот.

Направен од алуминиум користен во воената авијација и челик, зашеметувачкиот Moto Z е издржлив, но во исто време супер тенок – само 5,2 мм и ултра лесен. Moto Z има 13MP камера со оптичка стабилизација и ласерски автофокус кои ви помагаат да правите преубави и реалистични фотографии. Предната 5MP камера содржи широкоаголна леќа која ќе ви помогне да ги соберете сите другари во едно селфи.

Moto Z Play: Моќна батерија, неограничени можности

Одликувајќи се со тенок и лесен дизајн со цврста алуминиумска рамка, мото Z Play нуди до 50 часа траење на батеријата со најиздржливата Moto батерија до сега. Ви овозможува да го користите со денови без прекин за полнење на батеријата. А кога ќе има потреба, наполнете го супер брзо со TurboPower функцијата која овозможува до 9 часа работа со полнење од само 15 минути. Правете убави и јасни фотографии, дење или ноќе, со 16 MP ласерска автофокус камера. А селфи фотографиите се со врвен квалитет благодарение на широкоаголната леќа и LED блицот.

 

Палетата на Moto Mods е тука – кој од нив ќе го одбереш?

Заборави го полначот. Постојан пристап до дополнителни 22 часа батерија со Incipio off GRIDTM Power Pack. Овој Moto Mod е екстремно користен кога сакате да ги гледате омилените видеа, да четувате со другарите или да завршите било каква работа во движење.

Додај дополнителни можности за сликање преку Hasselblad True Zoom Moto Mod со кој може да фотографираш како никогаш до сега. Со х10 оптички зум и Xenon блиц треба едноставно да се фокусираш на моментот, бидејќи растојанието и светлината веќе нема да бидат проблем за да ја создадете перфектната фотографија. Освен тоа, можете да уживате и во уште поголема флексибилност и контрола, благодарение на опцијата да сликате во RAW формат. Плус физичко затворање и контрола на зумирањето кои гарантираат одлично доживување. А дали има и друг бонус? Да – добивате слободен пристап до Hasselblad Phocus софтверот за поедноставно уредување на фотографиите и повисок квалитет.

Користи го JBL SoundBoost звучникот како постојан извор на забава. Тој доаѓа со 3W вградени звучници со кои ќе уживате во стерео звук со висок квалитет. Овозможува до 10 часа слушање на музика така што да можете да се забавувате цела ноќ.

А доколку сакате тотално да ги воодушевите пријателите, поставете го Insta-Share проекторот и емитувајте видеа, филм или слики на огромен 70” екран. Гледањето на мултимедија со друштвото никогаш не било полесно и позабавно.