Број на текстови објавени денес: 86

70 мигранти заглавиле во снежна шума кај Солун

migranti23

Повеќе бегалци и мигранти, меѓу кои имало и мали деца, денеска се лоцирани во шумата Сеих Су, во предградие на Солун, која е прекриена со снег.

Според првичните информации, околу 70-те мигранти и бегалци, и покрај ниските температури и неповолните временски услови кои преовладуваат во оваа област, претходно пристигнале во Солун, веројатно од Турција, со помош на трговци со луѓе.

Сепак, шверцерите, кои на бегалците им наплатиле по 400 евра од лице, ги напуштиле мигрантите во снежната шума и си заминале.
Полицијата трага по трговците со луѓе.