Број на текстови објавени денес: 70

Третина граѓани немаат пари ниту еднаш месечно да испијат кафе во кафуле

obvinitelstvo-palata-p-piruze-majski311

Македонија е четврта во Европа по тоа што нејзините граѓани не можат да излезат барем еднаш месечно на кафе или да јадат надвор од дома, објави вчера Еуростат, статистичката служба на Европската Унија.

Податоците покажуваат дека 29,1 отсто од населението во Македонија не може да си дозволи пијачка или јадење надвор заедно со пријателите или семејството ни еднаш месечно, оти нема пари. Во Македонија третина од населението или 32,7 отсто не може редовно да учествува во активности во слободно време.

За споредба, во Шведска помалку од 1 отсто од населението, поточно 0,8 отсто, не можат да излезат еднаш месечно на пијалок или оброк, во Финска 1,5 отсто, Данска 3,2 отсто…

Полошо од Македонци стојат само Унгарците и Романците, а ние водиме „мртва трка“ со Бугарите.