Број на текстови објавени денес: 54
DVE-LIRI-Baner6-970x90

50.000.000,оо денари в’чера со службено возило донесени во Ок на ВМРО ДПМНЕ Струга за поткуп на гласачи.

germanija-preplavena-od-lazhni-evra-221886

В’чера изутрина околу 9 часот во седиштето на ВМРО ДПМНЕ во Струга , пристигнало возило ,кое на предниот дел имало вградено флешери (сигнални полициски светла),марка Пасат со скопски регистраски таблици во кое биле присутни три лица.како што дознава Охридскај од очевидци , од багажникот извадиле поголема црна транспортна вреќа ,која во седиштето на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Струга била предадена на лицата Сашо Клечкароски,вработен со договор за дело во подрачната единица на Министерството за одбрана во Струга (екс директор на гардинките во Струга кој беше избркан од Зијадин Села градоначалникот на Струга), Џуро Котески како државен службеник во општина Струга и лицето Гоце Илоски вработен во ЕЛЕМ подрачна единица Хец Глабочица Струга . Како што ексклузивно дознава ohridsky.com од партиски извори на ОК на ВМРО ДПМНЕ Струга , се работи за донесување на 50.000.000,оо денари во апоени од по 500,оо и 1000,оо денари,кој требало да послужат за поткуп на гласачи во Општина Струга.Како што екслузивно дознава ohridsky.com, главен изготвувач на списоците на лица кои треба да бидат поткупувани , ги правела кандидатката за пратеник Љилјана Затуровска,која на Илоски,Клечкароски,Илоски им давала насока каде,кога и колку на кого треба да му се дадат како поткуп.