Број на текстови објавени денес: 65

СКАНДАЛ – ДИРЕКТОРОТ И ГЛАВНАТА СЕСТРА НА ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ -РЕСЕН СО УЦЕНИ ВРЗ ВРАБОТЕНИТЕ

jzu12

Хаос и јавни притисоци во ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ -РЕСЕН во ткот на вчерашниот ден предизвикал директорот Др ТРАЈЧЕ НИЧЕВСКИ ,во содејство со главната сестра ТАЈНА МИЛЕВСКА. Имено по наредба на директорот Др. Трајче Ничевски и главната сестра Тајна Милевска , на работа биле повикани сите вработени во  ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ -РЕСЕН од 14-15 часот на ден 10.11.2016-та година. Од страна на директорот Ничевски и главната сестра Милевска , на сите вработени им било наредено да својот глас и гласот на нивните фамилии го дадат за ВМРО ДПМНЕ , во спротивно сите ќе „летале“ од работа! Но , заканите и уцените продолжиле , па така двоецот Ничевски-Милевска наредувале на вработените во  ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ -РЕСЕН , да секој вработен достави список ,каде покрај неговите домашни , ќе мора да најдат уште по двајца сигурни гласачи? Заканите одделе до таа мера , што јавно двоецот  Ничевски-Милевска им упатувале сериозни закани кон вработените ,дека ВМРО ДПМНЕ била држава и дека тие ќе знаеле кој ќе гласа ,а кој не , тој што нема да гласа и не постапи по наредбата ќе летале од работа фамилијарно??!

Кој му го дал ваквото право на директорот и главната сестра на  ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ -РЕСЕН??,реагираат засегнатите вработени во ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ -РЕСЕН? Воедно се повикува јавно Јавното Обвинитлство и МВР да ги испита заканите ,но водно и да соодветно ги санкционира тандемот Ничевски-Милевска!

Охридскај -Реесен 11.11.2016