Број на текстови објавени денес: 10

110 години од раѓањето на генерал Михаило Апостолски

%d0%b0%d0%bf%d0%be%d1%81%d1%82

Министерството за одбрана денеска организира свеченост по повод 110 години од раѓањето на генерал Михаило Апостолски.

Во рамки на јубилејот ќе се одржи свечена академија, а во холот на Домот на АРМ ќе биде изложена и музејска поставка на слики, архивски материјали и предмети од генерал Апостолски.

Михаило Апостолски (Ново Село, 8 ноември 1906 – Дојран, 7 август 1987) бил македонски партизан, генерал, командант на НОВ и ПОМ, воен теоретичар, политичар, историчар и народен херој.