Број на текстови објавени денес: 0

100-годишни близначки ја открија тајната на долговечноста

babi1

Ирен Крамп и Филис Џонс се близначки кои прославија 100 години живот. Напорна работа и добра храна била тајната на нивната долговечност.

Близначките се родени на 20 ноември 1916, на временско растојание од 25 минути. Оделе во исто училиште, а биле и колешки на работа. Сега живеат заедно, во Англија.

На прославата на нивниот 100-ти роденден имале 50-тина гости, пријатели и членови на семејството кои сакале да им го направат денот уште поубав.

“Ние често заедно ги славиме нашите специјални родендени и прекрасно си поминуваме на тој ден. И 90-от и 99-от роденден така ги прославивме. Напорна работа и добра храна е дефинитивно тајната на нашиот долг живот“, изјавила 25 минути помладата сестра.