Број на текстови објавени денес: 18

10 ризници на калциум кои не се млечни производи

61291817-kalcij-voce-povrce

Познато е дека млечните производи се најголемиот извор на калциум. Американскиот медицински институт препорачува доза од 1.000 до 3.000 мг калциум дневно. Но, многу луѓе имаат проблеми со варењето на млекото и млечните производи, па калциумот мора да го добиваат од други извори. И токму затоа ви ја донесуваме листата со 10 вкусни и здрави производи коишто се богати со извори на овој вреден минерал.

1. Црн грав

Најраспространет е во Јужна Америка, а кај нас може да се најде во продавниците за здрава исхрана. Овој вид грав не само што е богат со калциум, туку во себе содржи и калиум, фолна киселина како и останати хранливи материи.

2. Брокули

Ово чудотворен производ е познат и по тоа што се користи во превенција на некои облици на карцином. Малку сварена брокла со неколку капки маслиново масло служи како богат извор на калциум, а за уште подобро дејство се препорачува и во сирова форма во салатата.

3. Житарки

Обработените житарки буквално веднаш се подготвени за консумирање, а можат да пружат помеѓу 236 и 1.043 мг калциум. Сепак, стручњаците препорачуваат да се избегнуваат оние со премногу шеќер.

4. Меласа

Една мала лажичка меласа содржи дури 3,5 мг железо, 172 мг калциум и 47 калории. Најдобро е да се користи наместо сируп или шеќер. Интересен е и фактот што во меласата има повеќе калциум отколку во млекото.

5. Овесна каша

Еден од најбогатите појадоци за срцето, а воедно е и вреден извор на калциум. Пакет инстант-овесна каша има 100 мг калциум. Оваа вкусна каша е најздрава со овесно млеко со додаток на суво овошје.

6. Свеж сок од портокал

Оваа напивка се препорачува да се пие наутро. Една чаша од овој сок со здрав појадок ќе ви обезбеди добра количина на калциум.

7. Лосос

Богат е со протеини и омега-3 масни киселини. Се препорачува консумирање на оваа риба и неколку пати неделно, бидејќи содржи помала колличина жива од останатите риби – 5 дкг лосос содржи 181 мк калциум.

8. Сардини

Имаат ниско ниво на вештачки додатоци и висок удел на омега-3 масни киселини, 8,5 дкг сардини содржат дури 325 мг калциум, а се препорачува и на оние кои страдаат од анемија, бидејќи се богат извор на железо.

9. Млеко од соја

Млекото од соја е идеална замена за кравјото или козјото млеко. Во една шоља има дури 368 мг калциум. Лесно е и не предизвикува пречки во варењето.

10. Тофу

Овој производ настанува со згрутчувањето на протеините од сојата. Половина шоља цврсто тофу содржи дури 253 мг калциум, а има само 88 калории.