Број на текстови објавени денес: 49

Џиновски снежни топки се појавија во Сибир

sneg26

Жителите на селото Најда, во близина на заливот Оба пронашле во својот округ непрегледно пространство, прекриено со совршено тркалезни снежни топки. Засега никој не успеал да го објасни овој редок феномен, а постарите жители тврдат дека ништо слично до сега не се појавило. Топките се со различни димензии, од оние со пречник на тениска топка до оние со големина на топка за пилатес, но она што најмногу зачудува се нивните речиси совршени пропорции.

СПоред стручњаците, ова е уште еден доказ дека природата постојано ни посочува дека сериозно се нарушени климатските услови на Земјата. Глобалното затоплување, но и штетата што ја прават луѓето со забрзаната индустријализација се причина за појава на климатски феномени низ светот. Појавата на џиновски снежни топки во Сибир е најдобар доказ.