Број на текстови објавени денес: 70

Џејми Оливер објави фотографија од синот, а фановите го нападнаа поради опасна грешка

joolesoliverinstgrm

Славниот британски готвач Џејми Оливер се нашол на удар на критиките на бројни фанови откако на Инстаграм објавил, наизглед идилична фотографија на својата сопруга Џулс која оваа недела го прославила 42. роденден, со синчето Ривер.

Имено, Џулс во прегратка, поточно, во носилка го носи малечкиот Ривер облечен во топло палто, а многу фанови забележале дека положбата на детето може да делува штетно на неговото здрвје.

„Џејми, прекрасна фотографија, но како што ти светот го едуцираш за храната, дозволи и ние тебе да те едуцираме за исправните носилки. Бебето во носилка мора да биде свртено кон мајката и нозете мора да му бидат раширени како на жаба. Панелот на оваа носилка е претесен, сета тежина на бебето е меѓу нозете и тоа штети на неговите колкови и ‘рбет“ е само еден од бројните коментари на фановите кои на Џејми трпеливо настојувале да му објаснат што прави погрешно.

Иако се нашле и оние кои заклучиле дека „на бебето нема ништо да му биде“ и дека „изгледа сосема задоволно“, со критиките на фановите се согласила и британската „National Childbirth Trust“.

„Носењето на бебето свртено нанапред не се препорачува, бидејќи носилката во тој случај го принудува ‘рбетот на детето да се свитка наназад, а нозете висат без соодветна потпора. Тоа воедно значи дека сета тежина на бебето е на неговите препони, наместо да е распоредена на газето и бутовите“ стои во препораката на NCT.