Број на текстови објавени денес: 18

Џастин Бибер триумфираше на „Ем-ти-ви“ наградите во Ротердам ФОТО

204902705858202a104eae6319124944_v4_big

Канадскиот пејач Џастин Бибер освои најмногу признанија на синоќешното доделување на музичките награди „Ем-ти-ви“ во Ротердам, додека фаворитот Бијонсе остана без ниедна награда.

Бибер доби три награди, од кои една за најдобра песна „Sorry“ и уметник со најголем број фанови. Ексцентричната пејачка Леди Гага освои награда за најдобра уметница и за најдобар сценски изглед.
Ниту Бибер ниту Гага не беа присутни на доделувањето на наградите, а фаворитката со пет номинации Бијонсе и која на крајот на август освои најмногу видео музички награди (ВМА) не доби ниту една награда.

Калифорниската група „Грин деј“ ја освои наградата „меѓународна икона“, додека наградата „откритие на годината“ е доделена на младата шведска пејачка Зара Ларсон.

Домаќинка на церемонијата беше пејачката Биби Рекса.

На церемонијата настапуваа, помеѓу останатите, „Викенд“ и Бруно Марс, и бендот „Уан рипаблик“.

Европските награди „Ем-ти-ви“ се предвидени да бидат алтернатива за традиционалните музички награди „Ем-ти-ви“ наменети за широката публика, но и на овогодинашното доделување доминираа музичари од северниот дел на Америка.

Бендот С.А.Р.С. е овогодинашниот добитник на наградата „Ем-ти-ви Бест адриа акт“. Во конкуренцијата за ова престижно „Ем-ти-ви“ признание беа уште „Елементал“, Луце, „Сидарта“ и Тони Зен, а благодарение на најголемиот број гласови од публиката од целиот регион, бендот С.А.Р.С. ја однесе победата.