Број на текстови објавени денес: 49

Џастин Бибер со седум манекенки играл „бесилка“ во хотелската соба во Загреб ФОТО

3f9a110be618de7249ad

Светската тинејџерска музичка ѕвезда на 9 ноември одржа спектакуларен концерт во загрепската „Арена“ пред околу 18.000 обожаватели. По спектаклот, Бибер сакал да се опушти и да ужива во добра храна и во друштво на убави девојки до својата следна дестинација – Краков.

Девојките на лице место, во ресторанот во центарот на Загреб, во кој дошле да се забавуваат со пејачот, морале да потпишат договор за тајност според кој не смеат со никого, а посебно не со медиумите, да ги споделат деталите за интимните моменти со пејачот, пишува „24сата.хр“. Не смееле ниту да го фотографираат, бидејќи Бибер тоа сè потешко го поднесува.

Манекенките пред дружењето со пејачот во ресторанот ја носеле ревијата на Александра Дојчиновиќ. Биле нетрпеливи и непрекинато ги испрашувале организаторите кога ревијата ќе заврши за да можат да одат во ресторанот и да се дружат со Бибер.

Пејачот го запознале во еден загрепски клуб каде што се одржаала официјалната забава по неговиот концерт во загрепската „Арена“.

Лукана Мирко (21), Паула Пушкаш (22), Луција Беден, Сара Марија Кнежевиќ (20), Катарина Мамиќ (20), Ивана Вукушиќ (21) биле среќничките кои му правеле друштво на суперѕвездата Џастин Бибер.

– Дали сакаш малку да те измасирам? – ја прашал Бибер манекенката Луцана Мирко (21), која седела покрај него во ресторанот. Таа се изненадила од понудата на Бибер, но ја прифатила. Тој ја масирал неколку минути, но упатените велат дека тоа било исклучиво на шега. Манекенките се воодушевиле од Бибер, бидејќи не бил вообразен, со него јаделе суши и вок, а наздравиле со пиво. На Бибер посебно му се допаднала вишњевача. Бидејќи потпишале со него договор убавиците ништо не сакале да кажат. Бибер не сакал да се фотографира со нив ниту кога го замолиле за заедничка фотографија. Во еден момент Бибер отишол до шанкот, па гостите сакале да го фотографираат, на што скокнале луѓето од неговото обезбедување и им забраниле на гостите да го фотографираат и вознемируваат.

Манекенките кои се забавувале со него во ресторанот и хотелот истакнуваат дека Бибер само сакал друштво додека е во Загреб. Како што дознава „24сата.хр“ од луѓето блиски на манекенките, во хотелската соба немало ниту секс ниту дрога. Дружењето било исклучиво пријателско. Во еден момент извадил боенка којашто почнал да ја бои, бидејќи тоа го опушта, а со манекенките ја заиграл и популарната игра „бесилка“, во која се погодува поим. Го нервирале прашање за него и не сакал да разговара за својата кариерка ниту за концертите бидејќи тоа го заморува. Постојано ги испрашувал манекенките како им е, дали ја сакаат својата професија и што студираат. Сите биле воодушевени од неговата едноставност.

Бибер ја напуштил Хрватска во попладневните часови.