Број на текстови објавени денес: 0

Ќе се занимава ли обвинителството со збунувачките кандидати?

dik-3-640x294

Државната изборна комисија на денешната седница утврди одредени недостатоци во документите од некои кандидати, како што се неважечка лична карта, немање барање за кандидатура, отсуство на изјава за етничка припадност.

ДИК ги повика партиите во рок од 48 часа да ги исправат неправилностите. Дел од партиите, пак, не пријавиле единствен даночен број и не доставиле трансакциска сметка со назнака „За избори“. Коалицијата за промени и правда треба да го зголеми бројот на жени на листите.

Најмногу забелешки имаше за кандидатските листи на СДПМ, партија која е неактивна, а се појавува пред избори истакнувајќи имиња слични на кандидатите на СДСМ со цел да внесе забуна кај гласачите. Дел од членовите на ДИК сметаат дека ова е кривично дело и дека со него треба да се позанимава обвинителството.

Дванаесет коалиции и партии до ДИК поднесоа кандидатски листи за пратеници на претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 11 декември. Ждрепката за редоследот на избирачкото ливче ќе се одржи на 20 ноември.