Број на текстови објавени денес: 62

Ќерката на Путин има две милијарди долари и фасцинантно хоби (ВИДЕО)

katerina_tichonowa

Кога станува збор за живот на работ на опасноста, фрлањето на ќерката на Путин неколку метри во воздух може да се смета за токму таков. Токму тоа е работа на Русинот, Дмитри Алексејев, партнер во танц на Катерина Тихонова, за која во Русија сметаат дека е ќерка на Владимир Путин, претседателот на Русија.

Додека наводниот татко на Тихонова пали и гаси со светската политика, таа се натпреварува на танчарски турнири низ светот.

Тихонова го користела презимето на баба ѝ од мајчина страна, а минатата година новинарите пишувале дека нејзиното вистинско презиме е Путин. Кога го прашале Путин дали таа му е ќерка одбил што било да каже коментирајќи дека неговиот семеен живот е приватен.

Тихонова се натпреварувала на низа турнири во акробатски рокенрол, а нејзините танчерски точки вклучуват енергичен танц и виртуозни акробатски движења. Во саботата руската телевизија „Рејн“ објавила два инсерти во кои Тихонова и Алексејев танцуваат „буги вуги“.

„Ројтерс“ јавува дека Тихонова се омажила за Кирил Шмалов, син на постар пријател на татко ѝ, на тајна церемонија во 2013 година.
По венчавката Шмалов добил акции во компании поврзани со државата, вредни неколку стотици милиони долари. Имотот на брачната двојка се проценува на две милијарди долари.

Тихонова, пак, контролирала голем проект на уредување на Московскиот универзитет, пишува „Гардијан“.