Број на текстови објавени денес: 60

Ќахил: Нашата коалиција ќе го порази режимот

kolicani31

После 11 декември нашата коалиција ќе го порази режимот и со тоа ќе ја варти слободата и ќе го предводи процесот на демократизација која ќе важи за сите граѓани на Република Македонија. Ќе се стави крај на сите поделби кои со години ги имплементираше оваа криминална власт, изјави Аднан Ќахил, претседателот на Партијата за Движење на Турците, при посета на с. Долно Количани.

Тој во своето обраќање пред присутните додаде дека Турците во Македонија секогаш биле лојални и свесни граѓани кои придонесувале во ова општество, но власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ во сите сегменти ги има подзаборавено Турците низ цела Македонија, а жителите на с. Количани иако се само неколку километри оддалечени од главниот град Скопје се соочуваат со додатни инфраструктурни проблеми кои им го отежнува секојдневното функционирање.

– Партијата за движење на Турците (ТХП) заедно со опозициската коалиција нуди програма која нашата земја ќе ја воздигне на задоволително ниво и ќе имаме достоен живот, тука во Македонија. ТХП и во изминативе тешки години секогаш беше најголема поддршка на Турците во Македонија, а на престојните избори Турците кои се од страна на правдата со својот глас ќе го поразат овој криминален режим – истакна Ќахил.